-->
-->
Деветмина Македонци се искачија на врвот на Килиманџаро
-->
Eкспедиција составена од девет Македонци, пет планинари од Албанија и по еден од Србија и од Австрија, на 20-ти овој месец го освои највисокиот врв во Африка - Ухуру (5895 метри) на планината Килиманџаро во Танзанија.
Експедицијата беше успешно предводена од Живко Темелкоски, а трите највисоки точки на вулканскиот кратер ги искачија Иван Трпков и Виктор Калаузи од планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато“ од Битола, Илија Белевски, Игор Стојковиќ, Димитар Малиновски и Александар Николовски од ПСК „Макпетрол“ од Скопје, Катица Борисовска од ПСК „Руен“ од Крива Паланка и Искра Лазарова од ПСК „Бистра“ од Скопје.
Осовојувањето на Ухуру траело пет дена, четири во искачување и дел од четвртиот ден и петтиот ден во спуштање.
- Подвигот е уште поголем заради тоа што временските услови беа неповолни и сите денови имаше пороен дожд во траење од повеќе часови, а над 5.000 метри искачувањето се одвиваше во зимски услови, велат членовите на експедицијата.
Екипата успешно се врати во Македонија пред неколку дена. Експедицијата беше организирана во рамки на Балканската Планинарска унија (БМУ).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов