Деветгодишно девојче се повика на „женски кодекс“
Не е важно ако се добие и пониска оценка, важни се женските принципи - покажа деветгодишно девојче кое одби да одговори на поставено прашање во тестот по математика, затоа што таа е против женскиот кодекс.
Меди Даглас наиде на проблем во својот испитен тест откако наиде на наизглед едноставно прашање, текстуална задача каде четири девојчиња и четири момчиња кои одат во средно училиште излегуваат на состаноци во различни комбинации.
Меди под задачата имаше допишано: Не можам да ја решам оваа задача, затоа што мојата мајка рече дека според женскиот кодекс девојка не смее да излегува на состанок со Џ, кое е момче на нејзината пријателка.
Нејзината мајка била изненадена од тоа, а рече дека на ќерка и „не и го полни мозокот со глупости, туку отворено разговараат“.
Фотографијата ја сподели на Фејсбук страницата на Хафингтон Пост, а таа набрзо стана вирален хит.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари