Девет сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие, тројца повредени
Три лица се повредени, од кои едно со потешки повреди, во евидентираните девет сообраќајни несреќи во измиантите 24 часа во Скопје.
Потешко повреден е пешак од Скопје, во незгода која се случила во 14 часот и 45 минути кај паркинг просторот зад „Тинекс“ на ул. „Веселин Маслеша“ во која учествувале товарно моторно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Повредениот пешак со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош бил задржан на натамошно лекување.
Во една сообраќајка со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и сопатник, а седум сообраќајки се со последица материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера санкционирала 27 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 20 возеле по истек на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, шестмина поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи не користеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон додека возеле.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош со ученици од второ и четврто одделение.лв/
Во сабота со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Аеродром и Унион Олимпија, Словенија. Со цел безбедно и уредно одвивање на натпреварот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска