Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња

Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.
Четворица се од Косово - на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип.
Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА потврдија дека лицата биле затекнати во дворното место на едно лице во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.
-Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските скужбеници пронајдоа едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава за „мачење животни“, посочија од СВР Битола.
МИА
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
