Детско франкофонско катче во библиотеката во Неготино
Градската библиотека „Страшо Пинџур" во Неготино денеска го промовираше Детското франкофонско катче.
Директорката Катерина Данаилова информира дека е ова прво катче од ваков вид во Македонија, проект на библиотеката кој се реализира со поддршка од Општина Неготино, Францускиот институт - Скопје и непрофитната организација „Библионеф" од Франција.
- Катчето има 150 најсовремени книги на француски јазик. Опфаќа најнови изданија на сликовници, енциклопедии и други едукативни книги од современато француско книго издаваштво. Градоначалникот Ванчо Апостолов го поддржа овој проект кој претставува и решавање на проблемот што го имаа најмалите деца кои го изучуваат францускиот јазик, за дополнителна литература и надополнување на образовниот процес, соопшти Данаилова.
Франкофонското катче, додаде, е уште еден чекор на приближување на библиотеката кон малите читатели и искачување едно скалило погоре во смисла на осовременување, квалитет и воведување на нови иновативни услуги во библиотеката.
Ново на Сител
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени
-
Силекс на подготовки во Анталија