Македонија
29. May 2016 - 9:23

Детската балетска претстава „Петар Пан“ во МОБ

Во рамки на Малите Мјаски оперски вечери денеска во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната претстава за деца „Петар Пан“.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Кореографијата е на Џејмс Амар, сценографијата на Зоран Костовски.  Автор на костимите е Марија Пупучевска

Настапуваат балетски солисти и ансамблот на МОБ.