Детектор: Над 75% од граѓаните сметаат дека македонското правосудство не е независно
75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83% Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Ново на Сител
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци