Детектор: Граѓаните сметаат дека назадува борбата со криминалот и корупцијата – во државата има помалку правда
Над половина од граѓаните не се задоволни со начинот на кој државата се бори со корупцијата и криминалот. Вакви резултати дава најновата анкета на Детектор изработена од Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 55,3% од граѓаните велат дека состојбата со борбата со криминалот и корупцијата во Македонија назадува. 21,3% сметаат дека таа е иста како и претходно додека само 17,7% гледаат напредок.
Слични се бројките и за состојбата со владеењето на правото.
49,8% од анкетираните граѓани велат дека состојбата со владеењето на правото во Македонија назадува, 24,7 сметаат дека нема некои промени додека 18,5% гледаат напредок.
Податоците од анкетата покажуваат дека дури 71,4% од граѓаните поддржуваат да се изврши целосен реизбор на судиите додека 14,4% се против.
85,3% поддржуваат да се направи целосна проверка на имотната состојба и потеклото на имотот на судиите, додека само 3,2% се против.
75,5% од граѓаните поддржуваат странски експерти да направат проверка на донесени пресуди од македонските судии додека само 7,8% се против.
Анкетата на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024