Детектор: Етничката припадност најчесто е повод за говор на омраза
Граѓаните, најчесто забележуваат говор на омраза врз база на етничка припадност, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражува Скопје. Според него, ваков став делат 53,4%. Следат политичките убедувања со 26,6% и говорот на омраза во врска со религијата со 8,9%.
И кај ова прашање етничките групи имаат прилично слични позиции. И Македонците и етничките Албанци во мнозинство како прва сфера во која забележуваат говор на омраза е етничката припадност.
Мнозинство граѓани или 58,3% сметаат дека говорот на омраза најчесто се шири преку социјалните мрежи. Следат телевизијата со 27,6%, веб сајтовите со 3,6% и радиото и весниците со помалку од 1%. Очекувано, помладите повеќе говор на омраза детектираат на социјалните мрежи за разлика од повозрасните, иако во сите возрасни категории, мнозинството повеќе говор на омраза забележува на социјалните мрежи.
Сепак дури три четвртини од испитаниците директно или преку социјалните мрежи не сведочеле на говор на омраза насочен кон нив или некој нивни близок додека 20% имале такво искуство
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп