Детектор анкета: Поради претерано користење на интернет децата не се социјализираат
Децата слабо се социјализираат поради интензивно користење на интернет, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе институтот за политички истражувања Скопје.
Дури 85% од анкетираните сметаат дека интернетот има влијание на зголемување на социјалната отуѓеност на децата додека 8,6% сметаат дека нема влијание.
Близу 88% од сите граѓани се на ставот дека треба да биде ограничено времето кое децата го поминуваат на интернет додека само 6,9% се на ставот дека не треба.
Огромно е и мнозинството на граѓани кои сметаат дека државата треба да забрани одредени апликации, игри или социјални мрежи кои се несоодветни за малолетните лица. Ваков став делат 84,9% од анкетираните додека само 9,2% сметаат дека не треба
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Ново на Сител
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот