Заборави на рата, фиксирај со плата – Нов кредит до 300.000 денари во „ФЛЕКС КРЕДИТ“
Нов потрошувачки кредит „Заборави на рата – фиксирај со плата“, преку кој граѓаните ќе можат да подигнат од 6.000 до 300.000 денари, нуди финансиското друштво, „Флекс кредит“. Покрај максималната сума, која првпат е позиционирана на толку високо ниво, овој производ е уникатен по можноста кредитобарателот да избере датумот на враќање на ратите да биде фиксиран со датумот на прием на платата. Тоа е исклучително важно за граѓаните, а со ова „Флекс кредит“ уште еднаш докажува дека е посветен партнер на своите клиенти. Кредитот може да се враќа од три до 24 месеци.
Во услови на зголемени трошоци и продолжен раст на цените, утврдувањето на максималниот износ на кредитот на 300.000 денари е можност граѓаните безгрижно да ги задоволат сите потреби. Од друга страна, фиксирањето на отплатата на денот кога клиентот ја прима платата е можност да се планираат своите финансии, без изложувања на непотребни планирања и отежнувања на семејниот буџет.
„Потрошувачот има можност да го наведе датумот на плаќање на ратата во зависност од датумот во месецот на кој ја прима својата плата. Во процесот на аплицирање, клиентот има можност да ги утврди износот, терминот и начинот на добивање на посакуваниот кредит“, велат од „Флекс кредит“.
Финансиското друштво го зголемува кредитниот потенцијал, но и влијанието на финансискиот пазар како компанија што има најголем број корисници, но и исклучително задоволни клиенти.
Постапката за апликација останува едноставна – лично во некоја од филијалите на „Флекс кредит“, онлајн преку www.flexcredit.mk или со повик на телефонскиот број 13505 без жиранти и без потреба од обезбедување. Кредитот можат да го подигнат граѓани од 18 до 85 години и само со важечка лична карта или пасош.”
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ