Снимката на детето по име Жоао Педро Мартинели Фонсека веднаш стана хит на интернет, а експертите објаснија за што всушност станува збор.
Необичниот феномен бил предизвикан од жешкото и влажно време, а пајаците всушност не паѓаат туку се движат по голема мрежа која ја направиле за полесно да уловат инсекти со кои се хранат.
„Тоа е нивна тактика со која го зголемуваат подрачјето за фаќање на храна, обично инсекти. Свилените нишки делуваат како падобрани“, објасни еден биолог за локалните медиуми.