Дете (7) силувано од школско другарче, мајката очајна: Мојот син повеќе не е ист, постојано плаче, а за делото никој нема да одговара
Исповед на мајката на осумгодишно дете ја потресе јавноста во Британија, откако таа откри дека нејзиниот син е силуван и тоа од страна на школски другар.
Како што откри Сара при гостувањето на Би Би Си кај Викторија Дербшир, нејзиниот син бил повикан од страна на другар од училиште да дојде кај него дома и да си играат со Лего коцки. Како што рече, по влегувањето во детската соба, тој ја ставил столицата на кваката и му рекол на нејзиниот син да се соблече и да му ги покаже генталиите. После тоа, тој го силувал детето и му рекол да не кажува никому, зошто би му бил многу лут ако го направи тоа.
Како што подоцна откри, ова не било првпат детето да се обидува да направи слично дело, откако тоа се обидел да го стори во повеќе наврати.
Таа откри дека по ова гнасно дело нејзиниот син е видно вознемирен.
Меѓутоа, силувачот нема да биде законски закциониран порад неговите години (8).
Зборувајќи за овој инцидент, како и за бранот сексуално врсничко насилство кое е во пораст, таа изјави дека последиците кои ги има нејзиниот син се големи.
-Тој повеќе не е исто дете, редовно има проблеми со расположението. Постојано плаче и плаче. Повикавме полиција во училиште кога дознавме. Од полиција ни рекоа дека малку може да се направи со оглед на тоа колку години има напаѓачот. Знаете, прилично е страшно да се прифати фактот дека се случило нешто одвратно, а да нема никакви последици за виновникот. Тоа е тотално погрешно, изјави таа.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани