Македонија
12. January 2018 - 11:06

Детали за земјотресот во Македонија - ова е јачината на потресот

Земјотрес со јачина од 2,7 степени вчера бил почувствуван во регионот на Дојран. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри и 23 километри јужно од Стар Дојран во Република Грција.

Дојранскиот регион периодов беше зафатен од низа помали земјотреси, а најсилниот беше на 2 јануари со јачина од 5 степени.