Македонија
15. August 2019 - 10:37

Детали за трагедијата што го потресе Куманово: Девојче (13) загина под статива на ракометно игралиште

Вчера во 17,15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13 годишна малолетничка од Р.Хрватска, со привремен престој во Република Северна Македонија, со повреди на главата, кои ги здобила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“.

Од здобиените повреди девојчето починало.

По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.