Македонија
12. August 2018 - 11:47

Детали за трагедијата кај Петралинци: Починале на самото место, момчињата со мотор се судрија со автомобил

Ноќеска околу 00.10 часот на влезот во с.Петралинци, општина-Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М. (28) од Струмица и мотоцикл на кој се превезувале две момчиња од с.Дрвош на возраст од 15 и 14 години.

Во незгодата на местото починале двете момчиња.

Увид извршила екипа од СВР Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.