Македонија
20. February 2020 - 13:03

Детали за сообраќајката на патот Струмица-Валандово

Сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово утринава околу 9:30 часот е пријавена во МВР.

Во несреќата учествувале автомобил и запрежно возило, а според првичните информации на полицијата причинета е само материјална штета.

Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид.

По кратката забрана за камиони, сообраќајот на патниот правец е нормализиран за сите возила.