Детали за смртта на македонскиот планинар - голема тага во ФПСМ

Со огромна тага ја примивме веста, дека нашиот другар, пријател и огромен љубител на планината и природата Др. Георги Петков - член на ПД Кожув од Гевгелија починал во обидот да биде шестиот Македонец кој го искачил највисокиот врв на светот Монт Еверест! Според првичните сознанија 63 годишниот Петков, починал од срцев удар.
Доктор Петков тргнал на 24 март оваа година, а според планот требало до крајот на овој месец да се искачи на врвот кој е предизвик на искусните планинари. За жал, денес тој му се предаде на предизвикот. Во неговата експедиција предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција Тим Мосејдеј ја потврдиле трагичната вест.
За жал, ова е четвртиот несреќен случај за оваа сезона. Околу 400 алпинисти за сега, успеаја да се искачат на Монт Еверест за оваа пролетна сезона, која започнува во април а завршува во мај.
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, неговиот матичен планинарски клуб и воопшто сите љубители на планината, природата и спортот останаа без еден голем другар, пријател и спортист, кој беше составен дел од нашата вечна љубов кон планината.
Искачувањето на Врвот на светот на Др. Георги Петков, кој за жал заврши прерано, не беше во официјална организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија
Нека почива во мир,
ФПСМ
Ново на Сител
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
-

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати
-

Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
