Македонија
31. January 2018 - 13:09

Детали за девојката која вчера се фрли во Вардар од Камениот мост

Вчера околу 13.30 часот пријавено е дека во реката Вардар, во центарот на Скопје, има лица кои што бараат помош.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека М.А.(27) скокнала во реката, по што нејзиниот татко М.А.(44) и случаен минувач ја извадиле од водата. 

Со итна медицинска помош М.А.(27) е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.