Македонија
1. October 2019 - 13:38

Десковска: Нема поместување со опозицијата за Законoт за обвинителство

Најверојатно нема да има средба на работните групи на власта и опозицијата за Законот за обвинителство.

Министерката за права Рената Десковска која е во тимот на власта потврди дека нема поместување на позициите и се уште постои недоразбирање со опозицијата за тоа што било разговарано за обвинителството за организиран криминал и корупција на лидерската средба Заев - Мицкоски.

Од друга страна Десковска кажа дека постои неформална комуницаија помеѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за обвинителство, а темата ќе бидат искористени и средбите на работната група меѓу власта и опозицијата за измени на изборниот законик што почнуваат денеска.

Катерина Нешкова