Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во „Монструм“ – до Косово три пати испратено барање за одговор
Министерката за правда Рената Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстрадиција на лицата од Косово, информираат од Министерството за правда.
– Министерството за правда чувствува должност подетално да ја информира јавноста околу постапката за екстрадиција на двете осомничени лица во случајот „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ, наведуваат во соопштението.
Оттаму истакнуваат дека во постапката за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, Министерството за правда ги прави сите напори двајцата бегалци од правдата да ги донесе во Република Северна Македонија, притоа користејќи ги сите законски можности, но и билателарниот договор со Косово.
Како што појаснуваат првото барање за екстрадиција на лицата е испратено во март 2013 година. На 22 јануари 2016 година, Апелацискиот суд на Република Косово го одбива првото барање за екстрадиција. Откако е комплетиран предметот повторно, од страна на министерката Дескоска е испратено новото барање за екстрадиција, кое Министерството за правда на Косово го имаат примено на 5 септември 2018 година.
– Во новото барање детално се задржавме на сите точки што беа истакнати во претходно одбиено барање за екстрадиција. Од поднесувањето на барањето за екстрадиција – до денес Министерството за правда на Република Северна Македонија нема добиено никаков одговор од Министерството за правда на Косово. На располагање на Министерството за правда на Република Северна Македонија му преостанува единствено да испраќа ургенции и да бара од надлежните косовски власти да се произнесат. Вакви ургенции имаме пратено во два наврата, и тоа на 26 февруари 2019 година, а последната ургенција е испратена на 3 јули оваа година, појаснуваат од Министерството за правда и додаваат дека согласно сите податоци со кои нрасполагаат и кои ги имаат доставено до Министерството за правда на Косово, очекуваат лицата да бидат екстрадирани и да бидат изнесени пред лицето на правдата.
Ново на Сител
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини