Десетици загинати во судирите меѓу ривалските навивачи на фудбалски натпревар во Гвинеја
Судирите на фудбалски натпревар во Гвинеја резултираа со десетици мртви, јавуваат болнички извори од африканската држава. Сцените на масакрот вклучуваат преполни мртовечници и ходници. Неофицијални видеа покажуваат хаос, а гневните толпи подоцна палат полициска станица. Властите допрва треба да ја потврдат бројката загинати.
Инцидентот почна меѓу навивачи на фудбалски натпревар во Н'Зерекоре, вториот по големина град во Гвинеја.
-Се започна со спорна одлука на судијата. Потоа навивачите го нападнаа теренот, изјави сведок за „Франс прес“, барајќи неговото име да не се објавува од безбедносни причини.
Локалните медиуми соопштија дека натпреварот бил дел од турнирот организиран во чест на водачот на хунтата во Гвинеја, Мамади Думбуја, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година и се постави себеси како претседател.
Се стравува дека бројката на настрадани може да достигне 100.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”