Денови на вино, мед, сирење и „Крафт-експо“ во Охрид

Во Охрид денеска почнуваат манифестациите „Денови на мед, вино и сирење“ и „Охрид крафт експо“. До 14 август охриѓани и туристите во градот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар ќе имаат можност повеќе да се запознаат со традиционалните производи главно од охридскиот регион.
Први на агендата се „Деновите на мед” што ќе се одржат од денеска до деветти август со презентација на медот и производите од мед изработени од локалните производители.
Потоа следува Фестивалот „Вино и сирење 2018” на 10 и 11 август, како своевиден регионален мини-саем на кој се презентираат виното и сирењето од пограничниот регион Охрид - Преспа. Манифестацијата е осмислена како можност за презентација на традиционалната гастрономија, на нови техники на маркетинг и продажба, поттикнување партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки. Се проценува дека има потенцијал да стане редовен настан во рамки на збогатување на содржините што им се нудат на туристите кои летуваат во Охрид.
Манифестацијата „Охрид крафт експо“ ќе се одржува од 12 до 14 август, на која ќе бидат презентирани занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги. Настанот е во насока на доближување на занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.
Манифестациите ќе бидат збогатени и со музичка програма преку настапите на Ансамбалот „Билјана Јуниор“ и Оркестарот „Климе Садило“.
„Денови на мед, вино и сирење“ и „Охрид крафт експо“ ги организира Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
