Денови на мексиканскиот филм во Кинотека на Македонија
Од 1 јуни до 3 јуни во термините од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани три филмa од поновата мексиканска продукција.
Станува збор за филмовите „Животот потоа“ од 2013 година во режија на Давид Паблос, „Почетокот на времето“ од 2014 година во режија на Бернардо Арељано, двата од жанрот драма. На програмата е и акционата авантура „Одвоен ветар“ од 2014 година во режија на Алехандро Гербер Бичечи.
Дополнително ќе бидат обезбедени и уште два репрезентативни насловa од мексиканската кинематографија, информираат од Кинотека на Македонија.
Мексиканската е една од најплодните филмски индустрии во Латинска Америка. Серијата неодамнешни оскаровски победи на режисери како Алфонсо Куарон и Алехандро Гонзалес Ињариту, високо го позиционираа мексиканскиот филм на светската мапа што придонесе за поплава од различни продукции на годишно ниво.
Мексиканските филмови се дел од проектот „Ревија на светските кинематографии“, што се реализира со продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ Филм & Медиа“.
Ново на Сител
-
Пронајдени траги од дрога во тоалетите во Парламентот на Финска: Покажала анализа на Финскиот јавен радиодифузен сервис
-
Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“
-
Во Кочани малолетници биле заглавени во снег па извлечени и предадени на родителите
-
Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица