Македонија
6. September 2021 - 13:21

Денот на независноста, 8 Септември неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението.