Денеска се празнува свети Марко, авторот на најстарото Евангелие: Зошто го добил симболот крилест лав?
Свети Марко е слава на многу семејства. Се одбележува на два дена после Ѓурѓовден. Христијанската традиција на секој евангелист му доделила по еден симбол. Така крај Свети Марко секогаш се прикажува и крилест лав.
Постојат различни толкувања поради кои тој го добил овој симбол. Според некои, тоа е затоа што неговото Евангелие го истакнува кралското достоинство на Исус, „Лавот од династијата Јудини“.
Други пак велат дека лавот е симбол на Евагнелието на Марко бидејќи тоа Евангелие најдетално го опишува воскреснувањето на Исус и со голем занес го прогласува Христовото кралско достоинство.
Според некои, симболите на евангелистите настанале врз основа на гледањето на пророците Езекија Изаиј и Апокалипсата. Според тоа толкување Свети марко има симбол на крилест лав бидејќи своето Евангелие го почнува со Јован Крстител кој е „гласот што вика во пустината“.
На некои места Свети Марко се прославува под името Марко Градобиец и на тој ден ништо не смеело да се работи. Се верувало дека ако не се почитува овој обичај, градот ќе го уништо целиот род.
Денешниот ден го нарекувале и Мистровден, особено го празнувале ковачите верувајќи дека глувците ќе им ги изеделе ковачките мевови доколку работат на тој ден.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп