Македонија
18. December 2024 - 12:42

Денеска нова цена на струјата

За нешто помалку од половина час треба да почне прес конференцијата на првиот човек во Регулаторната комисија за енергетика на која ќе биде соопштена цената која ќе важи по 1 јануари. 

Од она што досега е познато, ЕСМ ја зголеми цената по која и ја продава струјата на ЕВН, од 60 на 62 евра за еден мегават.

Премиерот во повеќе наврати рече дека не очекува некое значително зголемување на цената. Наша екипа е на овој настан, деталите ќе ги имаме во вестите во 16.