Loading Video...
Фудбал
3. July 2021 - 10:41
Денеска ќе се комплетира вториот пар за полуфиналето на ЕУРО 202
Откако Шпанија и Италија синоќа го формираа првиот полуфинален пар на Европското фудбалско првенство денеска ќе ги дознаеме и преостанатите две селекции кој ќе останат во игра за шампионскиот трофеј
Селекциите на Шпанија и Италија се првите две кои обезбедима место на завршницата на ЕУРО што ќе се игра на „Вембли“ во Лондон.
Ова е епилогот од првите два четвртфинални дуели во кој Шпанија беа подобри од Швајцарија по подоброто изведување на пенали откако регуларните по 90, но и дополнителните 30 минути резултатот беше израмнет 1-1, а во пенал рулетот Шпанците имаа повеќе нерви и беа попрецизни, па реализираа три наспроти двата погодени пенали на Швајцарците.
Италија ја продолжи победничката серија која сега изнесува 14 тиумфи во низа. Азурите на „Алијанц арена“ во Минхен ја совладаа прворангираната селекција на ФИФА листата Белгија со 2:1.
Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Никола Барела во 31.минута ја доведе Италија во водство од 1:0, а во 44-та Лоренцо Инсиње зголеми на 2:0. Пред самиот крај на полувремето беше досуден пенал за Белгија кој го реализира Лукаку намалувајќи на 2:1.
Иако во вториот дел белгиските фудбалери со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак Италијанците го издржаа притисокот и на крајот сосема заслужено се радуваа на пласман во полуфиналето.
Во него на 6 јули (петок) во Лондон тие ќе играат против Шпанија, по што ќе биде познат и првиот патник во финалето.
Полуфиналните двојки на ЕП ќе бидат комплетирани денес со натпреварите меѓу Чешка – Данска, со почеток од 18 часот во Баку и Украина – Англија, од 21 часот во Рим.
1/4 ФИНАЛЕ
2 јули – петок
ШВАЈЦАРИЈА - ШПАНИЈА 3-5 пенали (1-1)
БЕЛГИЈА - ИТАЛИЈА 1-2
3 јули - сабота
ЧЕШКА - ДАНСКА 18:00 Баку
УКРАИНА - АНГЛИЈА 21:00 Рим
1/2 ФИНАЛЕ
6 јули Лондон
ШПАНИЈА - ИТАЛИЈА 21 часот
7 јули Лондон
Чешка/Данска - Украина/Англија 21 часот
ФИНАЛЕ
11 јули Лондон 21 часот
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
