Денеска е Задушница, утре Духовден
Скопје, 18 јуни 2016 (МИА) - Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.
На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.
Поради Задушница, денеска во перидот од 7:00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“ до паркингот пред гробиштата.
За излез, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.
Сообраќајната полиција најави соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот и кај гробиштата во Ѓорче Петров и Камник.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи