Македонија
15. јуни 2016 - 8:23

Денеска е Св. Еразмо Охридски, чудотворец и светец со силен култ во охридско

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јуни.

Денеска е Св. Еразмо Охридски.

Овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието. Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти. Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го о

Свети Еразмо Охридски 

Светец со силен култ во Охридско 

Поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците.

Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан св. Еразмо крстил 20 000 луѓе, но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот, како што многу порано го ослободил св. Петар. Св. Еразмо пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот. Починал во почетокот на IV век.
Во близината на Охрид има пештерска црква посветана на св. Еразмо Охридски, а во близина на црквата има вода за која се верува дека е лековита, особено на денот на светителот.
Култот на свети Еразмо бил раширен и во западните земји: Италија, Шпанија, Франција, Германија и др. „Во земјите на византиската и словенската културна сфера, според сегашните сознанија, неговиот култ пушти корења само во охридскиот крај каде што се одржа во долг хронолошки распон, подолг отколку на кој и да било друг светител во македонските краишта“.Споменот на св. Еразмо во Македонија се празнувал уште во времето на свети Климент, прифаќајќи го неговиот култ втемелен многу порано. Во текот на 19 век, за време на македонската преродба зографите мошне често кај композицијата на Седмочислениците ја сликаат и фигурата на св. Еразмо заради неговата мисионерска дејност и заслуги во ширењето на христијанството.

Преданија и легенди

Први јуни – Сети Размо

На први јуни празнуват Свети Размо. Тогаш има собор кај црквичката посветена на Свети Разма. Таа се наоѓа на патот меѓу Струга и Охрид. Се собираат богомолци од тие два града и од селата. Свети Размо е ногу ф’нерлија. 
Еднуш си врвел еден Турчин со карван покрај Сети Размо. Да прошчате му се пришетало тука, и тој, шо да чинит, се отбил во црквуљчето и тамо клекн’л да се шет’т. Е ама, после, ко сакал да станит, не мојт! Станви, станви – не мојт, се уф’тил и от ноѕе и от р’це. Тога фатил да вик’т на друг’рите:
- Елате бреееее! Елате побргу!
Ко ошле шо да видет? Свети Размо златниот – да му имаме милоста! – го здрвил на местото и го напрајл улок. Тога Турчиноф таксал и целиот карван со масло го растоарил, ама нишчо не поможвело. Така си го кренале и така си го занесле во Струга.
Муарем от Абдула и Устреф-беј исто така от пог’нија, врашчеешчем от Струга со свадба, влегле во црквучето да се мочет. Муарем на местото се помоча крф и така пцојса. А п’к Устреф-бега истиот ден ќе го удаеше којнот. Ушче таму, се спушчи в ојзеро како палаф и одвај го извадоа. Ко излезе на суо падна Устреф-беј, му се в’рза ногата зе узенѓијата и којното го влечка два саата. Асли тога то куче се помери во умпот и т’ка умре.
Чаршијата к’де нас два п’ти изгорела се на Сети Размо.

Сети Размо 

Еден Турчин и еден Рисјанин оделе заједно покрај Сети Размо. Рисјанинот се прекрстил прет црквата, а Турчинот му велит:
- Уф бре, каурин, кому крстиш? На оној пенџерана? 
А овај му одговорил:
- Не је пенџерче она, туку је сфетец.
- Море, какоф светец, ѓаур еден. – зел еден камен, го фрлил на пенџерчето, се одбил од пенџерчето, го удрил по гла Турчинот и тој онемел. Вечерта Турчинот сонвал соне. Му се јавил Сети Размо и му рекол:
- Ако сакаш да ти се вратит опулот, дојш Елбасан, да земиш еден меф масло, елб’санско, да и запалиш сите к’ндила во Сети Размо, Сети Климет, Сети Стефан, Сети Јон, Сети Ном, Сети Арангел, покрај цело езеро. Да горет три дни и три вечери и то: ти сам да и запалиш. Така ќе ти се вратит опулот. Видел невидел, Турчинот ошол Елбасан, зел меф масло, ги наполнал и запалил сите кандила, гореле три дни и три ношчи и така проглал.