Ден на жалост во Косово за тројцата Албанци загинати во нападот во Минхен
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, утрешниот ден 24 јули, го прогласи за Ден на жалост во земјата, во спомен на тројцата млади Косовци кои беа убиени во нападот во Минхен.
„Одлучив утрешниот ден да го прогласам за Ден на жалост, во знак на спомен на жртвите по потекло од Косово, во тероритичкиот напад во Минхен. Овој чин на насилство ги погоди нашите срца и цела Европа. На семејствата на убиените им искажувам длабоко сочувство. Јас и народот на Косово се поклонуваме пред нив. Тие се херои на борбата за заедничките слободи и вредности во Европа“,пишува Тачи на неговиот профил на фејсбук.
Утре на целата териорија на Косово знамињата ќе бидат ставени на половинаа копје.
Во нападот во Минхен, како што објавија медиумите во Приштина, убиени се и три млади луѓе од Косово: Дијамант Заберѓа (21), Сабина Суљај и нејзината другарка, Армела Сегаши, на возраст од 14 години.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието