Ден на виното во Охрид
Во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“, синоќа во македонскиот туристички бисер се одржа Ден на виното.
Охриѓани и гостите кои престојуваат во градот за новогодишните и божикните празници, до доцна во ноќта уживаа во најубавите вина на неколку македонски реномирани винарии и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ.
Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на Градскиот плоштад.
Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20:00 часот, во дрвената куќичка ќе настапат популарните Силви бенд.
Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“.
В недела, на 7-ми јануари, за празникот Божиќ, на големата сцена ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин со што ќе се заокружи манифестацијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно