Македонија
5. January 2018 - 11:29

Ден на виното во Охрид

Во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“, синоќа во македонскиот туристички бисер се одржа Ден на виното.

Охриѓани и гостите кои престојуваат во градот за новогодишните и божикните празници, до доцна во ноќта уживаа во најубавите вина на неколку македонски реномирани винарии и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ.

Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на Градскиот плоштад.

Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20:00 часот, во дрвената куќичка ќе настапат популарните Силви бенд.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“.

В недела, на 7-ми јануари, за празникот Божиќ, на големата сцена ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин со што ќе се заокружи манифестацијата.