Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
Во Нови Сад демонстрантите, откако беше фрлена црвена боја и испуштена вода кон Градското собрание најавија дека ќе останат на тоа место и во наредните 48 часа – рок што им го даваат на надлежните да ги исполнат нивните барања.
Доколку не ги исполнат нивните барања, демонстрантите планираат да одат во Белград, јавија локалните медиуми.
Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест каде организаторите бараат сите кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница да поднесат оставки и кривично да одговараат.
Голем број граѓани од цела Србија и од Белград денеска се упатија на протестот во Нови Сад. Силни полициски сили се лоцирани во центарот на градот и во Градското собрание.
Демонстрантите дојдоа пред Градското собрание, каде е распоредена жандармерија, а на вратата на оваа институција беа фрлени камења и црвена боја.
Фрлен е и солзавец кон демонстрантите откако тие се обидоа да ја отворат вратата на Градското собрание.
Голем број демонстранти доаѓаат пред Градското собрание со транспарент „Ќе одговарате“.
Според Н1, ситуацијата е слична на онаа пред собранието на град Белград по изборите во декември минатата година. Цистерна на која пишува вода за пиење се наоѓа пред Градското собрание и од неа се сипушта вода кон влезот на зградата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот