Демонстранти упаднаа во „Зелената зона“ во Багдад, ограбен Парламентот
Неколку илјади демонстранти упаднаа денеска во добро обезбедената „Зелена зона“ во Багдад, во која се наоѓаат најважните владини институции и странски амбасади, а неколкумина од нив ја ограбиле зградата на Парламентот откако пратениците не ја изгласаа новата влада.
Западни медиуми објавија дека илјадници „бесни“ демонстранти влегле во забранетата зона, од кои неколкумина почнале да ја ограбуваат зградата на Парламентот.
Според двајца очевидци, повеќе стотици приврзаници на шиитскиот муслимански свештеник Муктад ал Садр влегле во „Зелената зона“.
Демонстрантите, кои се собрале пред обезбедуваната зона, го преминале мостот над реката Тигар, извикувајќи „Бегајте кукавици“, мислејќи на пратениците кои си заминале од Парламентот.
Еден стражар на контролниот премин изјавил дека демонстрантите не биле претресени пред да влезат, а на една телевизиска снимка се гледа како тие развиориле ирачки знамиња, извикувајќи „Мирно, мирно“, додека некои стоеле на бетонските ѕидови со кои е оградена „Зелената зона“.
Ново на Сител
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница