Демографската слика за Македонија полека се менува
Жените се повеќе се одлучуваат да родат второ дете. Се подобрува демографската слика во земјава.Ако во Во 2006-та стапката на феритлитет била 1,4 деца по жена, лани бележи зголемување за 15 отсо или 1,6 деца по жена. Но овие податоци не се пресврет во демографскиот пораст. Македонија е далеку од минимумот од 2,1 дете по жена за проста репродукција која го одржува населението. Справувањето со белата чума и натаму останува еден од приоритетите на оваа влада. Демографкската политика и поддршката за многудетни семејства беше изгласано во 2008-та.
Демографијата останува во врвот на нашите предизвици како држава. Иако, со солидни ефекти од превземените мерки во последните 7-8 години, кои што изненадија многумина скептици кои не веруваа дека било какви мерки на владата воопшто ќе вродат со некаков резултат, сеуште, ниската фертална база која не очекува во наредната деценија, е голем предизвик. Овој би рекол европски предизвик, кај мала нација има позастрашувачки ефекти, одколку кај големите нации. Загрижува воспоставувањето пракса на се подоцнежно стапување во брак на младите, што се одразува и на бројот на деца во семејствата.
Со зголемување на новородени деца, после повеќе децении има и пораст на бројот на првачиња во училиштата. Овој септември ќе има најмалку 1114 новозапишани деца во споредба со лани. Тоа се должи на прирастот на наталитетот во 2009-та и 2010-та. Овогодинешниот раст е добар но не треба да биде сфатен како дефинитевен демографски пресврт. ПОради долгите децении на демографска рецесија и долгите децении на опаѓање на наталитетот без водење на било каква демографска политика сооченио сме со затворање на училишта, редуцирање на паралелки и долгогодишен пад на бројот на ученици. Доколку се направи споредба со бројот на основци во 2000-тата и денеска, За 15 години имаме 60 ијади деца помалку или цели 24 отсто. Ако во 2000-таат имало 250 ијади основци сега се околку 190 ијади. Најзагрозени се центарлниот и источниот регион на земјава. Затоа овој сериозен проблем останува како еден од приоритетните прашања на оваа Влада, преку поддршка на многудетните семејства и промоција на семејните вредности.
Број на ученици основци
2000 година 250 000
2015 година 190 000
РОДЕНИ ДЕЦА
2014 година 23 596 деца
2013 година 23 138 деца
1994 година 31 421 деца
Запишани правчиња
2008-2009 23 051првачиња
2011-2012 21 694првачиња
2012-2013 21 489првачиња
2013-2014 21 444првачиња
2014-2015 21 426првачиња
2015-2016 22 540првачиња
Родени деца
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
