Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени.
Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу инсталацијата на новата компресорска станица, како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.
- Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ, вели Демири во дописот до Владата.
Демири во понеделникот на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. Според министерот, проблемот со неработењето на хируршките клиники е хаварија во компресорската станица за која се чекаат испитувања од Германија.
Откога не работат хируршките клиники, итните случаи на пациенти се пренесуваат во Општа Градска болница и во Болницата „8 септември“.
Ново на Сител
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец