Демант од МЖ Транспорт АД Скопје на изјавите за ФШВ „Колска“ Велес
Македонски железници Транспорт АД Скопје ги демантира изјавите на претставници на синдикатот на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес.
- Сметаме дека е потребно да ја информираме јавноста и да ги демантираме и отфрлиме изјавите со кои вината за настанатата состојба во ФШВ „Колска“ Велес се префрла на МЖ Транспорт АД Скопје. Сакаме да појасниме дека МЖ Транспорт АД Скопје и ФШВ „Колска Велес“ се два посебни правни субјекти со два посебни управувачки органи чиј сопственик е Владата, соопшти МЖ Транспорт АД Скопје.
МЖ Транспорт АД Скопје, како што се наведува, има склучено договор за извршување услуга средна поправка, ревизија на патнички и товарни вагони со ФШВ „Колска“ Велес, исто како што има склучено договори и со многу други добавувачи.
- Целосниот долг кој што до денес го имаше МЖ Транспорт АД кон ФШВ „Колска“ Велес по однос на извршена услуга изнесуваше 6.766.958,00 денари. Денес е исплатен дел од долгот во висина од 3.475.475,00 денари, што значи дека остануваат уште 3.301.483,00 денари долг кој што е со валута за плаќање од 12.06.2017 година, што значи задоцнувањето на плаќањето е само 24 дена, стои во соопштението.
МЖ Транспорт АД Скопје нагласува дека се невистинити и неточни изјавите на претставниците на синдикатот на ФШВ „Колска“ Велес оти средствата не се префрлале на сметката на „Колска“ затоа што тоа не го дозволувал директорот на МЖ Транспорт АД.
- Средствата во висина од 2.700.000 денари наменети за ФШВ „Колска“ Велес од страна на Министерството за транспорт и врски, на сметката на МЖ Транспорт АД легнаа на 27.06.2017 година. Невистинити се изјавите на претставникот на синдикатот дека истите средства МЖ Транспорт АД ги искористил за плата на своите вработени. Тие средства се строго наменски и не смее да се користат за други цели освен за исплата на фактури по однос на поправки на патнички вагони на ФШВ „Колска“ Велес, стои во соопштението.
Средствата, како што се наведува, до денес не беа префрлени на сметката на ФШВ „Колска“ Велес затоа што беше блокирана поради неплатени долгови кон други институции.
- МЖ Транспорт АД во координација со Министерството за транспорт и врски ги чуваше средствата на посебна сметка се со цел средствата наменети за плата да дојдат директно на сметките на вработените, а не да бидат извршени по однос на блокадата на сметката. Денеска е постигнато решение, потпишан е договор, средства во висина од 3.475.475,00 денари се префрлени директно кон вработените на ФШВ „Колска“ Велес, се наведува во соопштението од МЖ Транспорт АД.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели