Делумно затворање на кварт во Вухан поради Ковид-19
Во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе привремено се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19.
Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники.
Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите. Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така апелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја. Во Вухан, град во централна Кина, живеат над 11 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз