Делови од Скопје утре без струја
Корисниците од улицата „Востаничка“ над број 82 во општина Кисела Вода утре, од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.
Во временскиот период од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе бидат потрошувачите од селото Волково, улица „20“, а 8:30 до 17.30 часот дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев“.
Од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Христо Татарчев“ бр. 47, влез 4 во општина Кисела Вода. Од 9 до 15 часот потрошувачите од село Сопиште, Каменолом Беровиќ во оваа општина ќе останат без струја.
Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат потрошувачите од Бањане, манастирот „Св.Илија“ во општина Чучер Сандево, а од 9 до 14.30 часот потрошувачите од Побожје.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково