„Дело“: Вучиќ спроведе план за консолидација на власта
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ успешно го спроведе својот план и ја консолидираше власта, оценува љубљанскиот весник „Дело“ во анализата на предвремените избори во Србија.
Според оценката на овој весник, враќањето на српската радикална партија, предводена од Воислав Шешељ како опозициска партија на Парламентот само ќе му помогне на Вучиќ да ги предупреди Западот и Балканот дека единствено Влада кој тој ја предводи може да гарантира европска Србија, пренесува словенечката агенција СТА.
Другите опозициски партии станаа послушни откако едвај успеаа да го исполнат цензусот за влез во Парламентот, додека левицата која, како што оценува „Дело“ галвно се состои од истрошени политичари, не успеа да ги здружи силите, поради што и стана најголем сојузник на Вучиќ.
Поради тоа Вучиќ, кого „Дело“ го нарекува „прав Александар“ ќе биде „апсолутен политички владетел“ во следните четири години, без оглед на тоа каква коалиција ќе формира, а уривањето на системот поставен од Вучиќ ќе биде со секој ден се потешко.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво