Делегација на Собранието на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествува на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од денеска до 5 јули во Тбилиси, Грузија.
Како што соопшти Собранието на Република Македонија, главна тема за дискусија на Сесијата, на која учествуваат околу 300 пратеници од 54 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ, е „25 години парламентарна соработка: градење на доверба преку дијалог".
На отворањето на Годишната сесија пред пратениците се обратија претседателот на грузискиот Парламент Давид Усупашвили, Ѓорѓи Маргвелашвили, претседател на Грузија, премиерот на Грузија Ѓорѓи Квирикашвили, министерот за надворешни работи на Германија и претседавач со ОБСЕ Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт.
На седницата на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ свое обраќање имаше пратеникот Владимир Ѓорчев, кој, како што се наведува во соопштението, ги информираше членовите на Парламентарното собрание за подготовките на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври 2016 година во Скопје.
Во функција на подготовка на претстојната Есенска сесија, Делегацијата на македонското Собрание одржа состаноци со претставници на Бирото и на Меѓународниот секретаријат на ПС на ОБСЕ, а во Конгресниот центар каде што се одржува Годишната сесија, поставен е штанд со информативни материјали и презентации за промоција на туристичката понуда на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
