Делегација на МВР на Светскиот конгрес за безбедност на граници
Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, учествува на Светскиот конгрес за безбедност на граници во Мароко.
Настанот го организира Министерството за внатрешни работи на Кралството Мароко и учествуваат делегации од 54 држави. Како што соопшти МВР, делегацијата од нашата земја присуствува на покана на Канцеларијата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
- Делегацијата учествуваше на повеќе пленарни и работни сесии, а во рамки на пленарната сесија „Миграции и трговија со луѓе – предизвици во глобалното гранично управување“ свое излагање имаше државната секретарка Несторовска на тема „Управување со миграции и мерки против трговијата со луѓе“, соопшти МВР.
На маргините на конгресот беа реализирани и билатерални контакти со делегации на земји од Африка и Азија и со претставници на различни меѓународни организации.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето