Делегација на БЈБ учествуваше на 125. конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите
Делегација на Бирото за јавна безбедност при МВР, предводена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски од 6 до 9 октомври во Орландо, САД учествуваше на 125-та Годишна конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полициите од целиот свет (ИАЦП), чија што примарна мисија е едукацијата, образованието и обуката на полициските служби.
Годинашнава конференција, на која што учествуваа преку 400 делегации од полициски организации од целиот свет и на која што се обрати американскиот претседател Доналд Трамп, беше посветена на повеќе едукативни теми од областите на полициско работење инаку актуелни во последно време како ефикасното полициско работење така и за ефикасното менаџирање со полициската организација.
Во рамки на понудените едукативни програми на ИАЦП беа презентирани темите околу односите на полицијата и заедницата, безбедноста и благосостојбата на полициските службеници, за полициската култура и морал, како и низа оперативни образовни тематики како што се одговорите на активни закани, примената на сила, насилниот криминал и друго.
Оваа посета на Годишна конференција на ИАЦП се случува по седум години, а во организација на ИЦИТАП програмата на американската Амбасада во Република Македонија.
Во текот на тродневната конференција првиот човек на БЈБ, Тасевски имаше средба со директорот на ИЦИТАП програмата Гери Бар на кому воедно му врачи плакета на МВР.
Тасевски оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги од полициите на земјите од регионот (Косово, Србија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина), како и од други европски земји.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници