Дел од угостителите во Охрид сами почнаа да ги отстрануваат дивоизградените платформи на брегот на Езерото
![]()
Активностите за уривање на дивоизградените објекти во Охрид продолжуваат, со најава од Општината дека акцијата за отстранување на нелегално поставените платформи долж крајбрежјето на Охридското Езеро ќе продолжи и во текот на викендот.
Од локалната самоуправа најавуваа дека општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите на угостителите кои самоиницијативно почнаа да ги отстрануваат платформите, согласно доставените решенија за извршување. Доколку не се постапува согласно најавеното, Општината ќе продолжи да ги извршува активностите за нивно отстранување, според предвидената динамика.
– Денеска се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до населбата „Канео“. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени екипи и веќе постапуваат во согласност со издадените решенија за отстранување на објектите, се наведува во соопштението од Општина Охрид.
Истовремено, Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучиле сами да ги отстранат дивопоставените платформи, со нагаласок дека локалната самоуправа е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
