ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање

Нивото на реката Вардар во Тетовско е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање, а патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи, Општина Теарце паднати се две бандери од Телеком. Во село Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, а во село Глоѓи бандерата е падната преку патот. Известен е Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот, соопшти ЦУК.
Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, како што велат од ЦУК, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
-За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира, посочуваат од ЦУК.
На територијата на Кичево, како што велат, се очекува понатамошна стабилизација на состојбата. Нема пријави за одрони на магистралните патишта и сообраќајот се одвива редовно.
-Бројот на евакуирани лица останува непроменет – 250 лица (63 семејства), на кои редовно им се доставуваат храна, вода и неопходни средства. Екипа од Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава соодветни совети на евакуираните лица. Екипи на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, со поддршка од механизација на локални компании. Паралелно се врши чистење на фекалната и атмосферската канализација. ТППЕ, со поддршка на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците „Прилепска“, „Пиринска“, „Први Мај“, „29 Ноември“ и други локации каде има пријави за поплавени објекти, нагласуваат од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
