Loading Video...
Спорт плус
21. October 2019 - 15:56

Дел од федерациите побараа од Македонскиот олимписки комитет, да се уредат односите и статутот

Иницијативен одбор од вкупно 18 федерации, денеска на средба со новинарите го презентираше своето барање, за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет
 
Дел од федерациите кои припаѓаат на „олимпиското семејство“, дел надвор од него, како и спортски работници, бараат од МОК да биде регулиран членот 10 од Статутот на МОК, со што мнозинството на делегати на Собранието би го преставувале Олимписките спортови, а според иницијаторите бројката е вкупно 26. 
 
„Бараме почитување на олимписката спортска повелба, како што е тоа во сите национални олимписки комитети. Тоа значи дека во Собранието на МОК мнозинството на гласови да биде од националните спортски федерации од олимписките спортови. Иницијативниот одбор за уредување на односите во олимпискиот спорт на 27 септември поведе иницијатива за одржување легитимно вонредно собрание на МОК, согласно одредбите од олимписката повелба, законот за здруженија и фондации и законот за спорт. Затоа го замоливме првиот човек на МОК да закаже вонредно собрание во МОК во рок од 30 дена. ИО доколку МОК не закаже Собрание е подготвен да ги искористи сите можности во месец октомври да се закаже и одржи вонредно собрание“, изјави претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска.
 
Според иницијаторите (Боксерската, Атлетската, Боречката, Спортско Стрелачката, Карате, Бадминтон, Кајакарската, Пинг-понгарската, Шаховската, Велосипедската, Мечувалечката, Коњичката, Едриличарската, Триатлонската, Скијачката, Одбојкарската, Хокеарската и Спортско качувачката федерација).
во моментов во Собранието на МОК има над 120 делегати со право на глас, од кои само 26 се на спортските федерации од олимписките спотови.
 
Свесно или не иницијаторите не го споделија одговорот, кој денеска го добиле од МОК во кој одборот е информиран дека уште од Февруари годинава МОК во блиска комуникација со ИОК веќе работи на дополнување и измени на Статутот и тоа не само на споменатиот член туку и други измени и дополнувања, а во најскоро време се очекува истиот да биде одобрен од страна на ИОК. 
 
Впрочем, ИОК тоа и го потврди во своето писмо од 27 Септември 2019 година кога побара и Законот за спорт на РСМ, но и Статутите на Националните спортски федерации да бидат во согласност со Олимписката Повелба (Статут на ИОК) и во согласност со Статутот.