Дејан Митровски Урко доби признание од Градот Скопје за тренер на годината 2022
Дејан Митровски Урко сопственик и тренер на Кик Бокс Клубот Шампион од Скопје и на Центарот за Фитнес и Боречки спортови Магнус доби признание од градот Скопје што го доделува градоначалничката Данела Арсовска за најуспешен тренер за 2022г.
Исто така признанија добија и неговите натпреварувачи:
- во сениорска конкуренција Бобан Илиоски е избран за спортист сениор на годината за освојување на европското злато од светското сениорско првенство во Анталија годинава.
Исто така во сениорска конкуренција како пето рангирана и е доделено признание на Викторија Варадинова за освоен бронзен медал од европското сениорско првенство Анталија.
- во младинска конкуренција признание како трето рангиран од 10 те најдобри доби и Нелсон Узеир со освоено второ место од светско јуниорско првенство во Италија.
- Мери Акиевска доби признание како шесто рангирана сениорка од областа на фитнес за освоено прво место на европско и прво место на светско првенство која е член на фитнес центарот Магнус.
Ново на Сител
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина