Македонија
9. јуни 2024 - 12:23

Дедо во инвалидска количка заврши во болница откако бил удрен од автомобил

Дедо во инвалидска количка заврши во болница откако бил удрен од автомобил.

- На 08.06.2024 во 07.50 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на крстосницата од бул.,,Ленинова'', ул.,,Браќа Миладинови'' и ул.,,Цветан Димов“ во Струмица патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки управувано од З.К.(59) од Струмица удрило во инвалидска количка управувана од П.К.(86) од с.Добрејци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К. констатирани во Медицинскиот центар Струмица, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.