Деда: Владата на Харадинај нема да го дочека крајот на годинава
Косовскиот пратеник Илир Деда од редовите на „Алтернатива за Косово“, верува дека Владата на премиерот Рамуш Харадинај нема да го дочека крајот на годинава, а во тој случај Косово ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори.
Овие коментари Деда ги изнесе во интервју за весникот „Зери“, додавајќи дека од формирањето па се досега Владата не направила ниту една добра работа.
Пратеникот на Алтернатива за Косово, исто така, зборувал и за демаркација на границата со Црна Гора, нагласувајќи дека доколку таа тема не добие позитивен епилог овој месец, тогаш косовските граѓани треба да заборават на визна либерализација најмалку до 2020 година.
И покрај критиките од власта дека Стратегијата на ЕУ за проширување ја фаворизира Србија, сепак Деда смета поинаку.
Според него, оваа стратегија бара „дефинирање на границите со Србија и обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу двете држави“.
Ново на Сител
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование